Во издание на “Матица македонска” објавен е романот “Љубовникот на Ленин” од писателот Блаже Миневски. Авторот разгатнува чувствителни теми од македонската историја и сегашност. Приказната почнува со потрагата по гробот на Браќата Миладиновци во Истанбул, а завршува со отровната боја фрлена врз фасадата на македонското Собрание во Скопје. Миневски е автор и на романите: “Јас, Тито и Мики Маус”, “Требаше да се сликаме пред да се замразиме”, “Свирци”, “Нишан”, “Мемоарите на една млечка” и “Црна лисица”. За своето прозно творештво ги има добиено наградите: Стале Попов, Рациново признание, 13 Ноември, Роман на годината на Утрински весник. Негови дела се преведени на англиски, кинески, бугарски, српски, словенечки, италијански и арапски јазик.
Подготви: Виолета Трајковска
