Балканленд

Заврши овогодинешното 15-то јубилејно издание на “Пивофест” (Фото)

Како што започна, така и заврши годинешното 15-то јубилејно издание на балкански познатиот “Пивофест” кој секоја година се одржува во Прилеп. Оваа година никој не го очекуваше дождот и ладното време, но и покрај тоа третата и последната четврта вечер како и што се очекуваше беа најпосетени поради тоа што беше викенд и и речиси имаше посетители од сите градови од Македонија, како и од многу други балкански и европски земји.

Ако првата и втортата вечер беа само подгревање на атмосверата и расположението на присутната публика, трета вечер беше одлична можност да уживаат и одлично да се забавуваат сите оние кои се љубители и ја сакаат и слушаат македонската и балканска народна музика и забавна музика. Па така во саботата на сцената прва чест да ја отвори вечерта имаше нашата позната фолк пејачка Елена Велевска која што не се штедеше и ги отпеа своите најголеми хитови. Можеби мал пропуст беше тоа што Велевска пееше на плејбек, но потоа таа самата изјави дека во последен момент бендот кој што требало да ја следи во позадина и откажал.

Таа за присутните и акредитирани медиуми го изјави следното:

“Јас секогаш велам дека најубаво е да си дома, бидејќи само дома си е дома каде и да одиш ќе си бидеш гостин. Во Прилеп ми е најубаво и најпријатно бидејќи тука е мојот корен, тука сум порасната и највистина ми е драго што се дружев со моите сограѓани и сите оние што успееа вечерва да дојдат на “Пивофест”. Многу ми е драго што овој фестивал прерасна во традиционален, многу посетуван од сите страни и иако многумина се обидоа да направа вакви или слични пиво фестивали, прилепчани останаа најдобрите, најмасовните и за пример на сите. Честитки уште еднаш до градоначалникот и многу ми е драго што сум еве по трет пат на “Пивофест”, навистина ми е драго што вечерва имаше публика со кои што можев заедно да пееме, да се забавуваме, да поминеме прекрасно и незаборавно и дај Боже така да биде, што помасовно, поорганизирано”, изјави Велевска за македонските медиуми.

Веднаш по нашата македонска дива, на сцената настапи познатата српска пејачка Анабела која пред публиката ги отпеа своите најголеми поп хитови. Таа ја разигра публиката и сите оние кои сакаа да се потсетат на Фанки Џ и сите тие познати рефрени, имаа привилегија и ретка можност тоа да го направат токму тука. И како последен на третата вечер на сцената се појави харизамтичниот, легендарен и хитмејкер Харис Џиновиќ кој што со своите најголеми хитови на кој нема кој што остана рамнодушен. Препознатливите и вечни “Муштулук”, “Лаже мјесец”, “Сјечаш ли се оне ночи”, “Како ми недостајеш”, “Тражи, тражи”… и многу други хит песни ја расположија публиката до секое можно високо ниво. Секоја чест!           Пред нековиот настап Џиновиќ пред медиумите изјави:

“Ова е втор пат да сум на “Пивофест”, овде имам многу пријатели и многу ми е драго што сум во Прилеп. Не е повод само пиво фестивалот да дојдам во Прилеп, јас имам дојдено тука и неколку пати претходно, така да ова е убав град со симпатични и добри луѓе и мило ми е што повторно ќе пеам во Прилеп. Ова е еден и единствен пиво фестивал на простор на поранешна Југославија, бидејќи досега имам прилика да настапам на неколку пиво фестивали ширум балакнските градови, но ова дефинитивно е најдобриот”, изјави Харис Џиновиќ за медиумите, каде меѓудругото ни откри дека го подготвува својот најнов албум, а летово за жал нема да гостува во Македонија, но затоа пак свои настапи ќе има во Хрватска, БиХ, Црна Гора…

Четвртата или последна вечер на “Пивофест 2017” стартуваше со “Тајфата” и Димитар Андоновски кој што освен своите песни, на свој препознатлив начин отпеаа познати македонски народни песни, но тоа беше само за загревање на присутната публика, а и сите оние кои неуморно со денови го следеа во живо “Пивофест” на Канал 5 телевизија. Веднаш после нив на сцената продолжија секогаш позитивните Џамбо Агушеви Оркестар, кој со своите труби и инструменти ги доловија речиси сите песни, направија вистинска весела атмосвера, а одлична привилегија беше да се слушне и светскиот хит “Деспасито” во нивна верзија.

Ние медиумите, кои што бевме акредитирани и добивавме известувања за програмата и се она што е пропратно на овогодинешното издание на “Пивофест”, неколку часа пред настапот на мега популарната и балканска дива Северина, добивме изјава и можност за поставување на прашања во Хотелот “Салида” каде и беше сместена ѕвездата на 15-то јубилејно издание на “Пивофест”. Таа како и секогаш одлично подготвена, со позитивна енергија, насмеана на самиот почеток рече дека е изненадена од големиот број на медиуми кои што се заинтересирани за неа. Во продолжение прочитајте што таа изјави за мекедонските медиуми.

Северина повторно во Прилеп, во период од осум години. Кое беше чувството кога повторно бевте поканета да настапите на “Пивофест”?

Северина: Пред се да се заблагодарам што повторно ме поканивте, што значи дека љубовта беше прекрасна. Кога прв пат дојдов тука не ни претпоставував дека ќе има толку голем број на посетители, дури не ни претпоставував дека толку луѓе ме познаваат. Но кога видов толку голем број на посетители се ми стана јасно и еве повторно сум тука, и едвај го чекам почетокот на концертот. Иако има дожд и времето е малку ладно, мислам дека ќе биде одлична забава.

Вашите фанови во изминативе денови, кога известивме дека повторно ќе бидете дел од “Пивофест”, кога видоа дека денес е многу врнежливо и ладно малку се уплашија. Дали воопшто Северина се плаши од вакви временски непогоди или едноставно професионалноста си го прави своето?

Северина: Па некако Господ го измислил дождот, па мислам дека дождот не не е баш така лош. Можеби и подобро што е вака, отколку да е 40-на степени и да биде неиздржливо. Можеби малку ќе им биде тешко на оние кои уѓиваат да пијат пиво, бидејќи пиво подобро се пие на повисока температура. Но ете вечерва ќе има малку пиење на пиво па така утре подобро ќе се сеќаваат на тоа што се случувало вечерва.

Имате нов албум кој се најде на широка поддршка кај Вашата публика, и навистина има инзвонредни композиции. Колку сте Вие задоволни од она што го подготвивте на последниот албум?

Северина: Албумот би требало да излезе кон почетокот на месец октомври, мислам дека тогаш е најдобро време. Имам среќа што заедно со луѓето кои што искрено ги сакам подготвивме одличен албум. Јала Брат е мое откритие и ја снимивме таа песна која е многу симпатична, интересна балада. Токму по завршувањето на “Пивофест” патуваме во Белград каде ќе снимиме и видео спот за една песна. Се радувам на сите мои песни, се надевам дека ќе имаме повторно турнеја и дека повторно во Скопје ќе дојдеме со голем концерт, како што тоа беше за “Добродошао у клуб”.

Има ли биографски песни на новиот албум?

Северина: Некако сите песни се отпеани со емоците кои ги имаме во нас. Не мора тоа да значи дека тоа се нови свежи емоции, некои од нив се и стари. Вообичаено избирам песни кои мене ми се допаѓаат, некако имам среќа да пеам само она што мене ми се допаѓа. Но има разни песни, емотивни, весели, јас сум сеуште во душата како дете.

Кажете ни, дали Северина ќе се омора некаде ова лето?

Северина: Јас се одмарав до пред некој ден, сега идат концерти некако како да сакавме да дојдат. Токму кога патувавме наваму со бендот разговаравме конечно после месец и половина пауза ќе имаме концерт. Но добро ни дојде одморот, сега сме малку посвежи и летото е пред нас. После Македонија, концерти не очекуваат во Макарска, Порторож… Од Вардар па до Триглав (се смее).

Пред осум години кога имавте настап на “Пивофест” рековте дека би сакале да завршите Музикологија. Дали Северина го заврши она што го сакаше?

Северина: Желбите и можностите се две различни работи, така да тоа веројатно никогаш нема да го завршам, но можеби во следниот живот кој да знае. Можеби ќе завршам Музикологија, а можеби ќе бидам на некои планини во Германија како Хајди, мирен и спокоен живот… Никогаш не се знае (се смее).

Втор пат сте во Прилеп. Како ви се виде градот, бидејќи овој пат имавте малку повеќе време да го видите и како ви се допаѓа Г-нот Ристески како домаќин?

Северина: Секогаш кога ќе дојдам во Македонија се чувствувам посебно, бидејќи ги среќавам своите пријатели. Рената која што сето тоа одлично го организира, која е пред се човек и организатор, но таа има една мана, секогаш ме тера да јадам. Таа мисли дека сум преслаба, и многу е слична на мојата мајка. Вчеравечер кога дојдовме во 2 часот по полноќ ни извади за јадење се што можеше да стои на маса… од Вардар па до Триглав, тоа малку не ми се допаѓа. Она што го знам за Македонија се добрите луѓе, и се надевам дека Македонија ќе биде добро. Вашиот градоначалник е симпатичен човек кој што го запознав пред осум години, велат дека за Прилеп има направено многу.

Некаде околу 23 часот подготвена, како и секогаш позитивна и насмеана, Северина излезе на сцената и со песната “Бред Пит” го започна својот неколкучасовен настап каде присутните заедно со неа ги пееја најголемите нејзини хитови. Со нејзиниот настап всушност и се затвори 15-то јубилејно издание на овој наш познат македонски и балкански “Пивофест”. Се надеваме и искрено веруваме дека следната година, следното 16-то издание ќе биде многу повесело, со поексклузивни гости и многу попосетено.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: