Во прв ред

Богата новогодишно-празнична програма во Охрид

Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24, веќе е објавена новогодишната-празнична музичка програма во најубавиот македонски град – Градот Охрид. Сергеј Четковиќ, Даниел Кајмакоски, Суперхикс, Фолтин, Љубојна… ќе бидат само дел од големата музичко забавна програма што Општина Охрид ја организира како за своите граѓани, така и сите туристи и сите оние кои претсојните празници сакаат, планираат и ќе ги поминат токму во овој град.

“Од 20-ти до 20-ти – Сите во Охрид” е мотото на оваа кампања што ги опфаќа како новогодишните празници, така и Божиќ, Стара нова година и секако Водици. Организаторите за нашиот музички портал велат дека главниот дел од настаните и случувањата ќе се одвиваат на посебно уредени места во центарот на градот на пет различни сцени. Всушност идејата целиот град да биде една голема сцена каде што во различно време и на различно место ќе се анимираат сите присутни во овој град.

“Во склоп на програмата ќе има посебни сегменти како “Игри без граници”, театарски дел и изложби на отворено, “Од СРЦЕ за Охрид” – посебна акција за најмладите, трки на Дедо мразовци, трки на келнери, ден на виното, и многу други активности. Како една од најатрактивните содржини е и “Чоколадниот новогодишен свет”, посебна манифестација на влезот во чаршијата до фонтаната кај Чинарот. Овој дел е посебно украсен со чадори и тезги во центарот на улицата, а по започнувањето со работа ќе има и посебна бина, каде секојдневно ќе има музика, DJ-и, Дедо мраз и аниматори за најмладите”, изјавуваат од Општина Охрид за музичкиот портал Музика24.

Доколку навистина сакате одлична забава, супер музика и познати музичари, незаборавен дочек на Новата 2018-та година, тогаш со задоволство ви го препорачуваме градот Охрид и сите оние случувања и музичко-забавни новогодишни програми што го нуди овој град.

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: