Како што не информираат нашите соработници од Авалон продукција, во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на Авалон продукција и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, Авалон оваа година одлучи фестивалот “Skopje Calling” да трае два викенда. Огромно е задоволството да се најави дека хедланјер на првиот викенд на “Skopje Calling 2018” ќе биде Alan Walker – апсолутно едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во во моментов, со настап на 2-ри јуни, на АРМ стадионот.
Иако има само 20 години, Walker е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на YouTube, неговите хитови “Faded”, “Alone” и “Sing me to sleep” ги соборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ листи, а исто така имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји. За оваа година, Walker најави нова музика, како и светска турнеја, каде за прв пат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на фестивалот “Skopje Calling 2018”.
Влезниците по цена од 1000 ден – Партер и 1500 денари Фан Пит се веќе во продажба. А за се останато, детали во врска со настанот, ексклузивни објави и информации, очекувајте наскоро на музичкиот портал Музика24 во соработка со Авалон продукција во рамки на проектот “25 години Авалон продукција”.
Подготви: Христина Секуловска
