Музичкиот портал Музика24 како и секогаш досега, така и овој пат во оваа рубрика ќе ви претстави млада, талентирана и преубава македонка која снимајќи кавери успешно се пробива во музичкиот свет. Младата скопјанка Ема Јакимова неодамна ни го испрати својот кавер за песната “Naked” од светски популарниот James Arthur и во свој стил се обиде да ја долови оваа композиција. Нам тоа ни се допадна и затоа во продолжение ви ја нудиме преработката на оваа позната хит песна во изведба на нашата Ема. Уживајте!
Подготви: Иван Јосимовски
