Културо

“Деновите на македонска музика” свечено ќе бидат отворени со Македонската филхармонија

На 22 март, овој четврток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе настапи на свеченото отворање на годинашното издание на манифестацијата “Деновите на македонска музика”. Ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори од различни генерации: Три псалми за хор и оркестар (2017) од Сони Петровски, Концерт за кларинет и оркестар (2005) од Панде Шахов, како и премиерата на Концертот за виолина и оркестар (2016) од Филип Иванов.

Солисти на концертот се младите, но веќе искусни, талентирани и наградувани музичари: Александар Иванов на виолина и Игор Иванов на кларинет, а ќе настапи и византискиот Камерен хор “Херувими”. Во текот на вечерта ќе бидат доделени и годинашните награди на организаторот на ДММ, Сојузот на композиторите на Македонија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: