Младиот, симпатичен, талентиран и веќе докажан Антонио Пејоски, за кој досега во многу наврати пишувавме, покрај многубројните настапи и ноќни забави за кој е ангажиран, најде време да сними и преку Музика24 да го презентираме и промовираме неговиот најнов кавер за баладата “Једра” од Саша Ковачевиќ. Како што вели Антонио за нашиот музички портал, песната е снимена и продуцирана во К-Тим продукција од Скопје, поточно, од познатиот музичар и продуцент Славиша Киброски со кој веќе долги години соработува. Што се однесува до видеото, кое рака на срце одлично изгледа, овој пат е задолжен Гоце Цветков кој што истото го реализираше во комплексот на фабриката “Огитекс” од Струга.
“Наскоро следуваат уште неколку кавери, а потоа со одбран тим ќе се работи на моја нова авторска песна. Инаку, заедно со мојот бенд активни сме на целата територија на Република Македонија, а исто така настапуваме и во Косово. А ова лето веќе имаме закажано настапи и во соседна Грција”, вели Антонио за нашиот музички портал Музика24.
Сите вие кои што редовно го следите и ви се допаѓа тоа што Антонио и неговиот бенд го прават, следните настапи каде можете да ги посетите и да уживате во нивната музика и нивниот репертоар се следните:
- 23.05 – Приватна забава во Велес
- 25.05 – Кафе Бар “Cinema” во Крива Паланка
- 26.05 – Ноќен клуб “River” во Делчево и
- 30.05 – Ноќен клуб “Clique” во Штип.
Подготви: Марија Поповска
