Популарниот Жељко Самарџиќ на 23 јуни ќе настапи на свеченото отворање на 9-тата Меѓународна Ликовна колонија “Вевчански видувања”. Во свечената програма покрај настапот на балканската ѕвезда Самарџиќ, предвидено е да настапи и македонската поп легенда Драган Мијалковски, кој ќе ја отвори вечерта.
Минатата година на отворањето на 8-тата Меѓународна Ликовна колонија “Вевчански видувања” настапи хрватската кралица на шансоните, Тереза Кесовија.
Подготви: Филип Етмишовски
