World Music

Ријана прва по слушаност на интернет

Според анкетата што ја спроведе музичкиот сервис “Спотифај”, поп-ѕвездата Ријана е прогласена за најслушана пејачка на интернет во последните шест месеци. На второто место на листата се најде Бритни Спирс, а по неа следат Тејлор Свифт, Kеша и Kарли Реј Џепсен. Во Британија беше изработена слична листа, по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, според која најслушана пејачка на интернет во оваа земја е Тејлор Свифт, а Ријана го зазеде второто место.

Меѓу најслушаните во Британија се и Флоренс Велч од “Флоренс енд д машин”, Емели Санде и Бритни Спирс. Во меѓувреме, Ријана потврди дека ќе има специјален настап на годинашниот фестивал “Опенер” во Полска, кој ќе се одржи во јули. Покрај Ријана, на фестивалот ќе учествуваат и “Kвинс оф д стоун ејџ”, “Блур”, “Kингс оф лион” и “Арктик манкис”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: