Секогаш е убаво чувството и буди одредени емоции кога ќе слушнеме некоја од песните на нашиот Тоше Проески. Овој пат, за време на новогодишната програма имавме ретка, но сепак, убава и интересна прилика да ја слушнеме песната, една од најголемите хитови на Тоше, “Во коси да ти спијам”.
Овој пат отпеана од Васил Зафирчев, Тијана Дапчевиќ и Јелена Јованова, актери и дел од ситкомот “Преспав”, а на нив друштво или музичко засилување им беа, Каролина Гочева и Вера Милошевска од групата “Љубојна”.
Како звучи овој музичко-актерски состав изведувајќи го овој преголем македонски хит, погледнете во продолжение.
https://www.facebook.com/KarolinaGocevaOfficial/videos/393973881352063/
