“Рокенрол бабата” Тина Тарнер на 74-та годишна возраст се најде на корицата на гламурозното модно списание Vogue. Со овој потфат е надминат оној на актерката Мерил Стрип, која, со 62 години, досега важеше за највозрасната жена која се појавила на насловната на престижното списание. Тина Тарнер за насловната страница, доби специјална креација на Klaudia Knoepfel и Stephen Indlekofer, кои ja облекoa во син сатенски фустан со деколте во V.
Претходна објава
Следна објава

