Утре вечер 27-ми март, со почеток во 20 часот на малата сцена во Македонската опера и балет ќе се оддржи камерната опера “Помеѓу соништа и летови”. Делото е компонирано од Горан Начевски, диригент е Иван Еминовиќ, режисер Љупка Јакимовска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Бранкица Јордановска, кореограф Маја Каревски, концерт мајстор Јане Бакевски, хор мајстор Јасмина Ѓоргеска, светло дизајн Нино Митевски, асс. диригент Катерина Стојковска.

Во улогата на ѕвездата настапува Александра Лазаровска Василевски, таткото е Дејан Стоев, патникот е Невен Сиљановски. Учествува оркестарот на МОБ.
