Од 11-ти до 13-ти јули на Белградскиот саем на отворено ќе се одржи првиот премиум фестивал на популарна музика – “Влез” кој на едно место ќе ги собере најголемите ѕвезди од Балканот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 45 концерти на три тематски бини, а се очекува секој фестивалски ден да присуствуваат околу 50 илјади луѓе. На фестивалот ве очекуваат најпопуларните пејачи од Србија и регионот, а тематските бини се “Влез”, “Корени” и “IDJTV”.
На бината “Влез” ќе настапат: Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Александра Пријовиќ, Саша Матиќ и многу други. Бината “Корени” во чиј фокус се звуците на народната музика ќе ја збогатат Ана Бекута, Харис Џиновиќ, Весна Змијанац, Звонко Богдан, додека, пак, “IDJTV” бината ќе биде резервирана за омилените рап и поп изведувачи, како што се раперите Цоби, Стефан Ѓуриќ – Раста, Николија, Реља Поповиќ, Сенида, Теодора Џехверовиќ… и други.
Сите изведувачи подготвуваат и специјални кореографии, со многу танчери на сцена и ефекти, што секако нивните настапи ќе ги направи единствени.
Влезниците за “Влез” веќе се пуштени во продажба, а сите од Македонија кои сакате да присуствувате на фестивалот, истите можете да ги набавите на сите онлајн и продажни места на “Тикетс” во Србија – tickets.rs, зависно од тоа дали сакате да набавите еднодневна или тродневна влезница.
