Поранешниот тапанар на легендарните “Ајрон Мејден”, Клајв Бар, починал во својот дом на 12-ти март, објави “Скај њус”. Педесет и шестгодишниот музичар страдаше од мултиплекс склероза и “починал мирно во сон” во својот дом во Лондон, се вели во соопштението на групата. Здравјето на Бар со години беше во лоша состојба што го прикова на инвалидска количка.
“Тој беше прекрасен личност и одличен тапанар, кој даде значаен придонес за “Ајрон Мејден” за време на нашите почетоци”, рече основачот на групата, басистот Стив Харис. Бар се придружил на групата “Ајрон Мејден” во 1979 година и свирел на првите три албуми во следниот состав: “Ајрон Мејден”, “Killers” и познатиот “The Number of the Beast” од 1982 година. Пред да и се придружи на оваа група, Клајв Бар свирел во британскиот метал бенд Самсон. Ги напуштил “Ајрон Мејден” во 1982 година, во моментот кога станаа светска атракција.
Подготви: Редакција Музика24
