Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу “Ѕвездите на Гранд”, Стефан Величковски ја обработи најубавата балада на Тоше Проески и сними видео за неа.
“Годините поминуваат, но спомените остануваат… Затоа во твоја чест, најголем меѓу најголемите Тоше Проески, ја испеав една од твоите најубави балади со надеж твојот лик и дело никогаш да не згаснат”, напиша Стефан под видеото од кавер-верзијата. Аудио обработката на песната “Још увек сањам да смо заједно” ја направи Дарко Ристовски, а видеото е снимено во просториите на продукцијата “ДРД Медиа”.
Величковски годинава повторно учествува во “Ѕвездите на Гранд” и негов ментор е рокерот Ѓорѓе Давид Николиќ. Минатата година негов ментор беше атрактивната пејачката Вики Миљковиќ која лавовски се бореше за него.
