Во прв ред

Повеќе од половина милион гласови за MAC номинациите во првите 5 дена

Не помина ниту една недела откако е објавено гласањето за MAC номинациите, а пристигнаа веќе повеќе од половина милиононлајн гласови. Преку 600 номинации се распоредени во 17 категории за гласање на страницата musicawardsceremony.com, а во првиот круг гласање кој трае до 11-ти јануари, секој гласач има право на 10 онлајн гласови по категорија. Нумерите ги номинираа радиостаниците од регионот, а во номинациите се најдоа поп и рок нумери, народни песни, хип-хоп и треп теми на изведувачи од 6 земји учеснички.

За време на гласањето на првиот MAC, вкупно пристигнаа повеќе од милион гласови не само од земјите од регионот, туку и од другите континенти, а дел од приходите од смс гласовите и влезниците организаторите Скајмјузик и ЦЕБЕФ ги насочија на Уницеф, кој ги намени за програмата за адолесценти и млади.

“Уницеф развива програма за адолесценти и млади, која е насочена на тоа да се подобрат можностите за учество на младите и за стекнување вештини значајни за нивната иднина. Програмата има посебен фокус на оние кои се во најголема опасност да бидат исклучени, вклучувајќи ги девојчињата, најсиромашните, личностите со инвалидитет, младите луѓе во движење и оние кои се погодени од судири и природни катастрофи”, вели Весна Савиќ од оваа организација.

Пораката која MAC ја носеше не беше само музичка. Слоевитоста на манифестацијата се огледа и во пораките за мир, солидарност, борба против  расизмот и насилството, кои водителите на MAC ги пренесуваа за време на целата манифестација.

“Нe радува фактот дека средствата од MAC се пренасочени на адолесцентите. Мислам дека на нивна возраст е мошне важно да се усвојат сите тие пораки, а најголемите регионални музички ѕвезди кои настапија и кои беа наградени на MAC се нивни идоли”, рече Миленко Шкариќ, сопственик на Скајмјузик во чија организација е одржана Music Awards Ceremony.

И годинава MAC ќе има хуманитарен аспект затоа што организаторите својот дел од приходите од влезниците ги издвојуваат во хуманитарни цели, а освен тоа е креирана и онлајн MAC продавница https://skycom.rs/special–mac-shop која луѓето можат да купат MAC маици, а целиот приход од продажбата на овие MAC маици се издвојува во хуманитарни цели.

MAC2020 ќе биде уште погламурозна од претходната, со најмодерна светска продукција и настапи на најголемите ѕвезди од регионот, од кои засега е потврдена Нина Бадриќ. Картите за настанот може да се набават на tickets.rs.

Можеби ќе ве интересира: