Маж од германскиот град Аурих, кој на пазар купил ѕиден часовник, не можел да поверува дека внатре пронашол 50.000 германски марки. Неименуван Германец го купил часовникот уште напролет, а кога ги пронашол парите ги однел во Канцеларија за загубени работи, пренесува “Fenix Magazin”.
Во случај да се јавел сопственикот на парите, мажот би имал право на 3% добивка (околу 770 евра), но никој не се јавил и после законскиот рок од 6 месеци, пронаоѓачот ги добил парите назад. Градот Аурих на чесниот пронаоѓач му врачил 50.000 марки, а му останал само уште административниот трошок од 576 евра. Старите банкноти може да ги замени за евра во филијалата “Deutsche Bundesbank”.
