World Music

Новиот спот на PSY “Gentleman” го гледале околу 40 милиони луѓе

Новиот спот на јужнокорејскиот музичар Psy за неговиот нов сингл “Gentleman” забележал во неделата навечер околу 40 милиони посети на YouTube, помалку од 24 часа од неговото објавување. Пејачот Psy на концертот што во саботата го одржа во јужнокорејската престолнина Сеул го претстави својот нов танц по “Gangnam Style” со кој стекна светска слава и кој го имитираа и го коментираа светските челници, како генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон и американскиот претседател Барак Обама.

Спотот за таа песна во 2012-та година многу придонесе за ненадејниот и секавичен успех на “Gangnam Style” кој претставува пародија на животот и стилот на богаташите од Гангнам, елитен кварт во Сеул. Тој спот, најгледан во историјата на интернет ресурсот за размена на видео материјали во декември мината година ја надмина границата од милијарда гледања, а до денес има забележано 1,5 милијарди посети. Видео спотот “Gentleman” во неделата во 8 часот по средноевропско време, неколку часа по неговото објавување, на YouTube бил погледан околу 40 милиони пати.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: