Вечерва (28-ми септември) со почеток во 20 часот на инстаграм-профилот на Панчо (DJSHORTYPOFFICIAL) ќе има заедничко LIVE обраќање со проф. д-р Виктор Исјановски (психијатар) кој е член на Комисијата за заразни болести и директор на Здравствен дом Скопје.
„Овој пат ќе бидат опфатени две теми: анксиозност (стравови, панични напади) и ковид пандемијата на која ќе дискутираме за најавените рестрикции и можнотото враќање на дел од строгите мерки од страна на надлежните, сериозноста од надоаѓањето на вториот бран, дали мерките кои се носат се корисни за граѓаните без притоа да се слушне нивното мислење, и што е најбитно дали “набедувањето” од надлежните за наводните кластери произлегува од собирите на младите и забавите кои се организираат од клубови, поединци или продукциски куќи“, се вели во објавата на Панчо.
Во ова Live обраќање ќе може да се консултирате и поставувате директни прашања до д-р Исјановски, во врска со двете најактуелни теми кои ги мачат нашите граѓани (анксиозност и Ковид-19) и да давате ваши сугестии и идеи. Се очекуваат и гостински вклучувања од артисти, промотери и сопственици на клубови/кафулиња, кои воедно се и најпогодена индустриска гранка во целата пандемија.
