Од денеска во етерот на македонските радија премиерно се пушта „Божиќна песна“, која Влатко Илиевски ја снимил со хорот „Златно славејче“, но досега никогаш не е објавена. Автор на музиката и аранжманот е Кире Костов, а текстот го напиша Љупчо Јакимовски.
Влатко физички не напушти пред две години, но зад себе остави многу хитови но и нови необјавени песни. Пред извесно време беше издадено ЦД-то „За љубов се пее до крај“, составено од најголемите хитови на Влатко. Во 2021 година се очекува објавување на монографија, но и концерт „Пријателите за Влатко“.
