Познатиот стилист Мајкл Буш, кој 25 години работел и се грижел за Мајкл Џексон, неодамна во Прага ја промовираше својата книга посветена на Џексон: “Кралот на стилот – Како се облекуваше Мајкл Џексон”. Буш некриејќи дека му недостасува, објаснувал како се однесува Џексон дома и како правел разлика од приватниот и јавниот живот.
Тој вели дека Мајкл Џексон последните неколку години бил несреќен поради многубројните измислици кои за него се појавувале во јавноста. Инаку, тој на новинарите им изјави дека материјалите за книгата ги собирал 20-на години. Стилистот Буш заедно со Денис Томпкинс, кој почина пред две години, е креатор на целата облека на Џексон.
Подготви: Александра Блажевска
