Светската музичка ѕвезда Карди Би неодамна го промовираше својот најнов сингл „Up“. На изненадување на јавноста дел од авторскиот тим на песната е 25-годишниот српски продуцент од Белград, Yung Dza.
Една од работите што се приметува веднаш е битот, многу тешки пијана со машина 808, „Memphis bounce“ и комплицирани транзиции, што на целата песна и дава поп чувство. Кога песната за првпат беше емитувана, не беа наведени авторите и продуцентите. Сепак, подоцна беше откриено дека суштината е дело на момче со уметничко име Yung Dza кое соработувало со продуцентите DJ SwanQo и Шон Ајленд.
-„Роденденот ми е на 25-ти декември. Славев ден потоа. Таа вечер, нејзиниот тим ми испрати порака на Инстаграм барајќи го битот, но не ми кажаа за кого е наменет. Потоа ми се јавија и ми рекоа „Брат, имаш позиција со Карди Б. Следниот сингл е твој“. Полудев од среќа. Не можев да спијам следните 10 дена. Ми ги испратија документите два дена подоцна и ми рекоа дека песната ќе излезе во јануари, и тоа е тоа. Тоа беше на мојот роденден, па затоа беше најубавиот подарок што можев да го добијам.“ – вели Yung Dza.
