World Music

Џеј Ло е повторно сингл

Една од најубавите жени на светот која им пркоси на години Џенифер Лопез повторно е сингл. Како што објавија странските медиуми поп дивата Џеј Ло и нејзиното момче Алекс Родригез наводно решиле да и стават крај на врската. Извор близок на Родригез тврди дека тој е сам во Мајами и дека веќе е сингл.

Џеј Ло и Алекс Родригез беа заедно од 2017 година, а заедно ги воспитуваа нејзините близнаци и неговите ќерки. Свадбата ја откажаа два пати досега, а последен пат се виделе во февруари.

Наводно двајцата одлучиле дека нивната врска не тече по својот тек. Лопез, особено, не била сигурна дека сака да биде во брак со Родригез, но како што е известено тие останувале пријатели и покрај разделбата.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: