Фестивали

“Пред да се раздени” беше песната која ја претставуваше Македонија на Евровизија 2013

Евровизија 2013 бил 58-от избор за песна на Евровизија. Настанот се одржа во град од победничката земја на Евровизија 2012, Шведска, а според досегашните тврдења тоа е градот Малме, бидејќи има одлична инфраструктура.

Прелиминарни дати се предвидени за двете полуфиналиња на 14-ти и 16-ти мај 2013, а финалето е планирано на 18-ти мај 2013. Нешто што најверојатно ќе биде карактеристично оваа година е тоа што шведскиот национален сервис одлучи да има само еден презентер на Евровизија во 2013 година, што не беше пракса изминатите неколку години. Вакво нешто последен пат беше изведено на Евровизија 1995 кога имаше само еден соло презентер. Графичкиот дизајн за 2013 година е препуштен во рацете на Gothenburg-based branding agency Happy F&B. Спонзори на Евровизија 2013 ќе биде телекомуникацискиот сервис „Телија Сонер“, како и неколку годишниот партнер „Schwarzkopf”.

“Пред да се раздени” беше песната која ја претставуваше Македонија на Евровизија 2013 во Малме, Шведска. Песната беше снимена од македонско-ромската пејачка Есма Реџепова и македонскиот пејач Влатко Лозаноски. Песната беше компонирана од Дарко Димитров во соработка со Лазар Цветкоски и Симеон Атанасов, додека текстот беше напишан од Магдалена Цветкоска. Песната беше изведена на второто полуфинале на 16 мај 2013 и не влезе во финалето, освојувајќи 16то место со 28 поени.

Esma & Lozano - Pred Da Se Razdeni (F.Y.R. Macedonia) - LIVE - 2013 Semi-Final (2)

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: