Бијонсе е главна ѕвезда на овогодинешното доделување на музичките награди Греми. На синоќешното доделување на Греми наградите Бијонсе испиша историја, а нејзината реакција кога го дозна тоа стана вистински хит на социјалните мрежи.
Имено, откако пејачката ја прифати наградата за најдобра рап песна со Меган, водителот Тревор Ноа сподели интересна информација:
„Сакам сите да знаат дека токму сега се случи нешто историско на Греми наградите. Со оваа награда Бијонсе го достигна рекордот на изведувачка со најмногу освоени Греми награди во историјата на сите изведувачи (машки и женски), со најмногу освоени Греми награди“, изјавил тој, а изразот на лицето на Бијонсе ја издал дека била изненадена од таа информација.
Видеото од нејзината реакција стана хит и вирално на социјалната мрежа Твитер. Бијонсе до тој момент имаше вкупно 27 Греми награди во кариерата, а со тоа го достигна рекордот на кантри пејачката Алисон.
Подготви: Редакција Музика24
Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


