World Music

Русин осуден за дистрибуција на детска порнографија поради споделување спот на „Рамштајн“ (Видео)

Судот во северозападна Русија денеска го осуди поранешниот соработник на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални на две и пол години затвор за „дистрибуција на порнографија“, откако тој споделил видео од германскиот рок-бенд „Рамштајн“ во 2014 година. Амнести Интернешнл ја опиша пресудата како „крајно апсурдна“.

Андреј Боровиков се соочи со затворска казна бидејќи во 2014 година на руските социјални мрежи го сподели спотот „Pussy“. Повеќе од шест години подоцна, во септември 2020 година, руската влада го обвини Андреј Боровиков за „производство и дистрибуција на порнографија“ за објавување видеа на руската социјална мрежа Вконтакте. Боровиков ги нарече обвинувањата „крајно апсурдни“, тврдејќи дека тој бил мета, со оглед на тоа што тој бил поранешен координатор на Алексеј Навални, близок политички ривал на Владимир Путин. Поранешен волонтер во канцеларијата на Боровиков го пријавил видеото до властите.

Во овој спот се прикажува сцени на оргии во кои учествуваат сите членови на групата. Ова е втор пат некој да се соочи со кривична пријава за споделување на истото видео од „Рамштајн“. Во 2019 година, еден човек од Белорусија беше исто така обвинет за ширење порнографија на Интернет, откако го објави видеото.

Rammstein - Pussy (Official Video)

Ова исто така не е прв пат Рамштајн да биде во центарот на контроверзии. Во Белорусија, Советот за јавен морал протестираше против бендот во 2010 година, тврдејќи дека нивните настапи се „отворена пропаганда на хомосексуалноста, мазохизам и други болки на перверзија, насилство, суровост и вулгарност“. Неколку месеци пред тоа, во нивната родна Германија, нивниот албум „Liebe ist Für Alle Da“ не беше дозволен да се чува на излозите. Германските власти тврдеа дека обвивката е вознемирувачка за младите и децата поради приказот на мазохизам и садизам. Промо фотографиите од тој албум навистина не поштедија никого, а на едната се гледа дури и гитаристот Ричард Круспе со маска за лице и гола жена како стои на колена.

Можеби ќе ве интересира: