Covers

2Be го преработија големиот македонски хит „На Велигден“ (Видео)

Момците од „2Be“ направија преработка на најголемиот хит кој постојано се врти на радиостаниците пред големиот христијански празник. „На Велигден“ е нивниот нов кавер, снимен во домашна атмосфера, а Љупче, Тино и Синиша имаат само една порака – во здравје да го дочекаме Велигден.

Ова музичко трио веќе неколку години ја освојува јавноста со уникатните преработки на домашни и странски познати песни, а истите може да ги слушнете на нивниот Јутјуб канал. Тие ни откриваат дека изминатиов период работат на нивна авторска музика и дека наскоро ќе издадат и нешто свое.

Инаку, овој долгогодишен хит во оригиналната верзија го изведува Џина Папас Џокси. Маестралниот Тоше Поп-Симонов, Тања Станковиќ, Гон Жарновски, Перо Камиказа, Ацо Конга, Весна Додева, Славе Димитров – се само дел од македонските имиња од музичката фела кои стојат зад нумерата „На Велигден“.

Но, оваа година, покрај онаа оригиналната, уживајте и во изведбата на момците од „2Be“.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: