Во прв ред

Аца Лукас за втори август (Илинден) во Охрид

Иако скопските дискотеки и кафулиња се договорија да го вратат сјајот на ноќниот живот во Скопје и на некој начин му кажаа НЕ на турбо фолкот, веројатно градот кој што во летниот период е мета за странските туристи, а и нашите комшии и пријатели – градот Охрид, сеуште е добро место за гостување на екс ју познатите турбо фолкери. Еден од нив е и Аца Лукас кој што годинава има свој потврден настап на охридска “Маракана” (Билјанини извори) на втори август со почеток во 21 часот.

Како што велат организаторите на концертот, тоа ќе биде четиричасовно уживање, четиричасовен спектакл кој досега не бил виден во Охрид. На концертот ќе бидат изведени сите досегашни хитови на мега популарниот или уште попознат и како “кралот на турбо фолкот” Аца Лукас. Влезниците се веќе пуштени во продажба по цена од 250 денари, а од 15-ти јули нивната цена ќе изнесува 300 денари. Доколку сте фан на Аца Лукас, слободно на втори август посетете го Охрид и едноставно уживајте!

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: