Пред само неколку дена се одржа долго најавуваниот и позитивно зборуван концерт на нашата македонска поп пејачка Тамара Тодевска. По навистина долго време, доживеаме да се бара карта повеќе за влез за концерт на наш домашен пејач, но ајде да не бидеме толку песимисти и да криткуваме, сите знаеме дека македонската музичка сцена во периодов е во некоја чудна состојба, но не беше така пред неколку дена. Публиката во преполната летна дискотека “Колосеум”, каде всушност и се одржуваше концертот, нестрпливо ја очекуваше Тамара на сцената, а откако таа излезе… немаше песна, хит кој што тие заедно не го отпеаа.
Тамара на сцената беше придружувана со повеќе од осум професионални музичари, а на сцената како нејзини гости се појавија раперот Тони Зен и Влатко Илиевски со кој таа ги отпеа дуетите односно зедничките песни, додека со помош на клавијатурата и придружбата на Роберт Билбилов ја отпеа познатата макфестовска “Готово е”, чии автор е толку тој Билбилов. Најголемо изненадување на самиот концерт беше неочекуваното излегување на сцената на Тијана, сестрата на Тамара каде тие заедно на сцената ја отпеаа легендарната макфестовска песна “Признавам” која беше отпеана далечната 1988 година од страна на сестрите Маријана и Росана.
Концертот понатаму продолжи со старо-новите хитови на Тамара и потсетување на публиката на некое време. Би било добро, вакви, слични или навидум копи-пасте концерти почесто да одржуваат и останатите наши македонски поп пејачи и групи, за да не биде потоа овој или оној е крив за состојбата на македонската музичка сцена.
Подготви: Марија Поповска
