Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе настапи на 8 ми јуни во 19.00 часот во кино салата на НУ Центар за култура – Крива Паланка. На програмата се композиции во модерен класичен стил. На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина и Љубица Бошкоска на виола.
Пламенка Трајковска својата музичка активност за заснова на идејата дека класичната музика треба да е широко достапна до општата публика. Таа настапува на речиси сите сцени и фестивали во Северна Македонија како и на концерти во Србија, Грција, Хрватска, Франција и Танзанија. Последните години работи на полето на доближување на класичната музика до децата. Автор и изведувач е на албумот „Апасионато“, на албумот Карневал на животните од Камиј Сен Санс во адаптација за виолина и пијано и на повеќе синглови. Неодамна го реализираше проектот „Ехо“ за кој изработи и сними композиции со автентични природни звуци од Кањонот Матка.
Концертот е поддржан од Министерството за култура и од Националната установа Центар за култура – Крива Паланка.
