Иако потврдени пред скоро еден месец, Sunnery James & Ryan Marciano се приморани од технички причини да го откажат настапот на „Ohrid Calling“ којшто беше планиран како завршен сет на третиот и последен ден на годинашното издание на фестивалот.
Како нивна замена, Авалон продукција успеа да го обезбеди во моментов сигурно најголемиот хитмејкер на електронската сцена – Topic. Тој за прв пат доаѓа во Македонија, во понеделник на 02-ри август да го затвори фестивалот. Ако земеме во предвид дека ова издание на „Ohrid Calling“ едноставно жанровски е тотално хитовско, подобар избор од Topic во моментов едноставно не постои. За таа цел, Авалон продукција неговиот хит „Breaking me“ го прогласува за официјална химна на „Ohrid Calling“.
