Гитаристот на „Квин“, Брајан Меј, разговарајќи со фановите на Инстаграм откри дека се планира втор дел од филмот „Боемска рапсодија“.
– „Да, ги разгледуваме идеите. Ќе биде тешко да се следи тоа бидејќи никој од нас не можеше да предвиди колку ќе биде масивно. Вложивме срце и душа во продукцијата и никој не можеше да предвиди дека ќе го надмине рекордот на „Gone with the Wind“. Ние мислиме дека тоа може да се случи, но тоа треба да биде одлично сценарио.“ – рече Меј.
„Боемска рапсодија“ освои четири Оскари, вклучувајќи го и Оскарот за најдобар актер кој го понесе Рами Малек, кој го играше Фреди Меркјури. Филмот заработи околу 650 милиони фунти на благајните.
