Музика на кирилица

СДСМ го кандидира Димитар Андоновски за советник во Советот на Општина Битола (Фото)

Поп-пејачот Димитар Андоновски влегува во политика. Како што вчера објави владејачката СДСМ, Андоновски се наоѓа на 21-во место на листата кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Андоновски не е единствената личност од јавниот живот на кандидатските листи на политичките партии. Кандидати за советници се и ракометарката Адријана Будимир, актерот Роберт Вељановски, кошаркарскиот тренер Марин Докузовски итн.

Можеби ќе ве интересира: