Covers

24 Covers: Панче Илиев – “Shape of my heart” (Sting)

Пастрмајлија, Макфест, Исар… на што ве потсетуваат овие асоцијации… секако на градот Штип. Токму овој град освен овие, од многуте убави работи, изобилува и со голем број на скриени музички таленти кои секако ние како музички портал сме отворени за младите музичари да ги промовираме во нашата рубрика 24 Covers. Овој пат ви го претставуваме младиот штипјанец Панче Илиев кој што годинава го заврши средното музичко училиште  ДМУЦ “Сергеј Михајлов”.

Панче во текот на денешниот ден на својот youtube канал го пушти својот прв ковер за познатиот светски хит на Sting “Shape of my heart” кој што неодамна го снимаше во студиото “Magnus” во Штип. За аранжманот на овој ковер се погрижи Илија Ќосевски кој воедно е и дел од видео спот кој пак го снимаше и подготви Japonec Pictures. Ве оставаме да уживате во следните неколку минути.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: