Режисерот и сценарист Мет Ривс објасни дека ликот на Бетмен, кој го игра Роберт Патинсон во неговиот најнов филм „Бетмен“, е инспириран од Курт Кобејн, покојниот фронтмен на групата „Нирвана“.
“Кога пишувам слушам музика, а додека го пишував првиот чин ја слушав „Something In The Way“ на „Нирвана“. Тогаш помислив дека наместо од Брус Вејн да ја направиме плејбој верзијата што ја видовме претходно, има друга верзија која помина низ голема трагедија и стана пустиник. Така почнав да воспоставувам врска со последните денови на Гас Ван Сент и идејата дека оваа измислена верзија на Курт Кобејн се наоѓа во толку распадната вила”, изјави Ривс.
„Бетмен“ ќе ја има својата премиера на 4-ти март 2022 година. Покрај Роберт Патинсон, играат и Зои Кравиц (Жена мачка), Енди Серкис (Алфред Пениворт), Колин Фарел (Пингвин).
