Балканленд

Се одбројуваат деновите до вториот “Joy Fest” во Крива Паланка (Фото)

Неодамна пишувавме за вториот по ред рок фестивал во Крива Паланка “Joy Fest”, кој што започнува на 23-ти август, а денес само да Ве потсетиме за тоа што на овој фестивал ќе имате можност да слушнете и да видите. Ако минатата година на првото “Joy Fest” издание настапуваа само бендови од македонската рок сцена, оваа година организаторот се погрижи освен македонски, пристутните да имаат можност да уживаат во музиката на рок бендови и изведувачи кои ни доаѓаат од соседните земји.

Како главна ѕвезда на овогодинешното рок издание, кој ќе настапи со својот бенд, е познатиот балкански музичар Момчило Бајагиќ – Бајага. Останатите бендови кои ќе ја забавуваат присутната публика се: Конкеринг Лајон (Тетово), Ептен (Куманово), бендот кој го освои третото место на фестивалот за демо бендови Смоук Шејкерс (Кавадарци), Фулиш Грин и Вертиго (Скопје) и Партали (Крива Паланка).

Фестивалот ќе се одржи на градскиот плоштад со почеток од 19 часот, а на овогодинешното издание се очекува да пристигнат над 10.000 илјади посетители, а од сите градови во државата ќе има организиран превоз. Музика24 како најпосетуван и најчитан музички портал во Македонија, го поддржа овој голем музички рок настан и за сите случувања пред, за време и по “Joy Fest” ќе ве известува и секако информира.

Постер за рок фестивалот "Joy fest 2013" кој ќе се одржи на 23-ти август во Крива ПаланкаПодготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: