World Music

Мик Џегер: Machine Gun Kelly и Yungblud внесуваат нова енергија во рок музиката

Легендарниот фронтмен на „Роулинг стоунс“, Мик Џегер, верува дека Yungblud и Machine Gun Kelly и даваат живот на новата генерација на рок музиката. За време на неодамнешното гостување на шведското радио P4, 78-годишниот пејач изјави:

На рок музиката и треба нова енергија! Нема многу нови имиња кои го носат тоа, но двајца кои го прават тоа се Machine Gun Kelly и Yungblud.

Тој додаде дека гласините за повлекување на неговиот бенд се измислени и дека претстојните настапи на бендот нема да бидат последни.

Не планирам ова да биде последна турнеја. Сакам да бидам на турнеја. Мислам дека не би го правел тоа доколку не уживам. Уживам да излегувам на сцена и да си го правам своето. Тоа е она што го правам. Сакам сите да уживаат и да заборават на проблемите во својот живот на неколку часа, и да поминат одлично попладне и вечер.

Колсон Бејкер, професионално познат како Machine Gun Kelly (MGK), е американски рапер, пејач, музичар и актер. Тој е познат по неговиот композициски спој на современ и алтернативен хип хоп со рок. Доминик Ричард Харисон, познат професионално како Yungblud  е англиски пејач, музичар и текстописец. Во 2018 година, тој го издаде своето прво EP, „Yungblud“, а набргу потоа и албумот „21st Century Liability“. Во 2019 година, тој објави уште едно EP, „The Underrated Youth“. Неговиот втор албум, „Weird!“, беше објавен кон крајот на 2020 година и се искачи на врвот на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и го достигна 75-тото место на американскиот Билборд 200.

Можеби ќе ве интересира: