Славната Џенифер Лопез со децении важи за една од најголемите светски ѕвезди, но и за најубава жена. Жешката латиноамериканка сега предизвика лавина од коментари во јавноста по информацијата дека го осигурала својот задник на неверојатни 27 милиони долари.

Заштитен знак на 53 годишната Лопез секако се извајаните стомачни мускули, затегнати нозе и совршено обликуван задник, па таа гордо ги истакнува своите облини во секоја прилика. А како да не кога има задник вреден милиони.

Сепак, во текот на изминатите години папараците успеаа да ни покажат дека латино дивата во реалноста изгледа поинаку од онаа на која сме навикнати на социјалните мрежи, иако употребата на фотошоп не се забележува на ниту една фотографија, а таа често објавува слики без шминка.

Инаку неодамна Јенифер Лопез се омажи за холивудскиот заводник, актерот Бен Афлек, а нивната љубовна приказна е навистина филмска.
