Музика на кирилица

Лозано замина на турнеја низ Америка (Видео)

 После успешните настапи кои ги имаше низ цела Македонија ова лето, тој си ги спакува куферите и замина за Америка. Причината е веќе добро позната на јавноста, а тоа е неговата турнеја која ја најавуваше долго време. Пандемијата пред 2 години ги поремети плановите за турнеја, но сега Влатко цел септември ќе биде во САД.

Првиот настап на Лозано е на 3-ти септември во „Compass Arena“ во Чикаго, потоа следуваат и останати гостувања во повеќе градови низ САД. Наскоро ќе има повеќе детали, но планирано е Влатко да настапи во околината на Њу Џерси, Колумбус во Охајо, Мајами во Флорида, Краун Појнт во Индијана итн.
Екипата на „Бекстејџ“ беше да го испрати нашиот Влатче на аеродром, а што тој кажа погледнете во продолжение.

Можеби ќе ве интересира: