Балканленд

Констракта на чекор до номинација за Греми

Ана Ѓуриќ – Констракта, овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија, е предложена за една од најпрестижните музички награди, Греми.

Доколку предлогот биде прифатен, Констрака ќе стане првата Србинка номинирана за оваа награда, а како што откри таа, номинацијата ја предложил член на Академијата за снимање уметности и науки.

Уметницата преку Инстаграм откри дека е во трка за номинација во категоријата за најдобар нов уметник, а номинацијата ќе ја добие доколку собере доволно гласови.

Во тек е првиот круг на гласање, а изборот на номинации ќе се одржува до 23 октомври. Официјалната листа на номинирани ќе биде објавена во ноември, а 65. Греми награди ќе се одржат во февруари.

Пејачката која ја полуде Европа овој мај со текстот на песната „In corpore sano“, реши оваа радосна вест да ја сподели со своите следбеници на Инстаграм со видео од пазар.

 

Можеби ќе ве интересира: