Магазин

Погледнете: Како звучат светски познатите Адел и Сиа на балкански начин (Видео)

Поранешната пејачка на групата “Диванхана”, Шејла Грдиќ, неодамна на својот Инстаграм профил постираше интересни преработки на познати песни од исто така светски познати музички имиња. Станува збор за песни до Адел и Сиа. Младата пејачка која што очигледно во Босна е повеќе од позната, со своите објави само накратко сака да ги расположи своите фанови и следбеници и на сосема балкански начин да ги пренесе тие хит песни.

“Среќна нова 2023-та година, и во својот живот да имаме повеќе забава”, напишала Грдиќ во својата објава.

А како звучат Адел и Сиа на балкански начин, погледнете во продолжение:

Доколку ги погледнете видеата и објавите на оваа млада, но веќе позната пејачка ќе видите дека ни малку станува збор за некоја девојка која што туку така се појавува. Таа зад себе има снимено голем број на традиционални и етно песни, а меѓудругото и голем број на преработки за кои што можеме да кажеме секоја чест.

Можеби ќе ве интересира: