Премиера

Познатите актери ја преработија „Излегол невен Пејо по Шар Планина” (Видео)

Mакедонска народна песна „Излегол невен Пејо по Шар Планина” доби нова преработка во изведба на македонските актери: Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска. Аранжманот и продукцијата на песната е на Лазар Аврамовски.

„Станува збор за стара македонска народна песна која ја отпеале голем број доајени на македонската народна песна. За мене беше голем предизвик да и дадам сосема поинаква оркестрација и аранжман за да им ја доближам на помладите генерации.“ – изјави Аврамовски.

Композицијата е надополнета со џез триото, Гоце Стевковски, Горан Гешовски и композиторот Аврамовски, како и гудачки оркестар и академскиот хор „Мирче Ацев“ под диригентска палка на Јасмина Ѓорѓеска.

Lazar Avramovski „Излегол невен Пејо по Шар Планина“

Можеби ќе ве интересира: