World Music

Хитот на Том Џонс забранет поради банализирање убиство на жена

Хоровите кои до сега го пееја хитот на Том Џонс „Delilahа“ пред почетокот на рагби натпреварите и за време на полувремето, повеќе нема да ја изведуваат таа песна низ Велс, а таа и официјално е избришана од списокот со песни на Велшкиот рагби сојуз.

Delilah by Tom Jones Song with Lyrics

Иако портпаролот на стадионот Principality изјави за Sky News дека песната е отстранета од сетот во 2015 година, тие сега потврдија дека дефинитивно нема да се појави повторно. Сепак, нема забрана за гледачите на натпревари кои сакаат да ја пеат песната. Песната „Delilah“ стана контроверзна откако се крена врева поради мошне контроверзниот текст за девојката Далила која е избодена со нож откако нејзиниот љубоморен сопруг открил дека таа флертува со друг маж. Мажот подоцна моли за прошка за нејзиното мртво тело.

WRU го осудува семејното насилство од секаков вид. Претходно побаравме совет од експерти во врска со прашањето за цензурирање на песната и со должна почит сме свесни дека тоа е проблематично и вознемирувачко за некои фанови – рече портпаролот.

Велшанецот Том Џонс ги коментираше контроверзните текстови и рече дека луѓето ја сфаќаат песната премногу буквално, отфрлајќи ги тврдењата дека таа го банализира насилството врз жените.

Дејвид Иван, чија велшка химна „Yma O Hyd“ сега се пее на стадионите, рече по тој повод:

Поемата за убиство се обидува да ја банализира идејата за убиство на жена. Срамота е што овие зборови сега се издигнати во статус на секундарна национална химна. Сепак, забранувањето на песните не е нешто за кое некогаш би се залагал, дури и да е можно.

Можеби ќе ве интересира: