Музика на кирилица

ИЗМАМА: „ДНК“ и Наум Петрески никогаш не биле исплатени за неколку настапи

Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“ на својот Фејсбук профил обелодени дека извесен букинг агент Александар Цезар Коневски ги измамил и никогаш не ги исплатил за нивниот настап на овогодинешниот Вевчански карневал.

„На 12-ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична, но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар ЦЕЗАР Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и ПРЕВАРАНТИ кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жртви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани. Се до ден денес ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата. Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот, бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик, но за среќа добивме ветување и ЗБОР од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме. За да биде уште пострашно истиов човек должи пари на многу други луѓе па од таму само сакам да ги предупредам нашите колеги да бидат многу претпазливи кога станува збор за Цезар преварантот од Скопје, не оној славниот римски император. Исто така упатувам апел и до сите градоначалници, приватни компании ширум Македонија да го имаат во предвид истотво, да не си ставаат здрава нога во трн и да си го валкаат образот. Во животот се е лекција, но подобро е кога ќе ја научиш на туѓ грб па затоа и се решив да го споделам јавно се со цел да спасам нови жртви“, напиша панчо на Фејсбук.

„ДНК“ не биле единствени жртви на т.н. Цезар. На објавата на Панчо се надоврза и Наум Петрески.

„Истото го пишав и јас пред некое време, и ве предупредив но тоа е тоа, се е школо. А него ќе го најдат во некој контејнер со гаранција. Тежок патолошки лажго. Какво исплаќање? Мене за „Пиволенд“ и „Виноскоп“ само за еден настап за музичарите е платено 6 месеци. Лаже суши, па се колнеше во синот единец *(ако го има) па во гробот на сестрата дека ќе плати и ништо. Па се представуваше дека е од ВМРО и дека работи со Данела. И тоа се лажги со опашки. Битанга тотална“, коментираше под статусот на панчо, познатиот фолк пејач Наум Петрески.

Можеби ќе ве интересира: