Премиера

24 Промо: Тајзи – “Пишано е” (Видео)

Тајзи пред десет дена го промовираше својот прв соло албум насловен како “Нешто поинакво”. Тој за своето првенче вели дека се состои од внимателно одбрани песни на кои работел претходните две години, и тоа може да се забележи затоа што секоја песна од албумот на Тајзи е приказна сама за себе. Покрај веќе чуените песни од Тајзи, на “Нешто поинакво” се наоѓаат и десет нови меѓу кои е и носечката “Пишано е” со музика и аранжман на Иван и Јован Јованов, текстот е на Тајзи, а истата Музика24 денес Ви промовира и видео спот кој е режиран и реализиран од Даниел Јовески. За песната и спотот Тајзи вели:

“Пресреќен сум што за недела дена оваа песна на You Tube е преслушана повеќе од 43.000 пати, а радио станиците ја вбројуваат меѓу своите хитови. Благодарен сум на Иноватива за поддршката и на сите оние кои ми се најдоа во реализација на овој спот. Сега слушателите можат да ја видат оваа моја приказна “Пишано е”. Се надевам ќе Ви се допадне!”, изјави Тајзи за новата песна и видео спот.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: