Екслузивецот на Горила Продукција, Магдалена Цветковска Ена, по една година од издавањето на својот албум “Херој” сними видео запис за песната која го носи истиот наслов. Видео записот го изработи Горила Продукција во режија на Владимир Дади Ивановски исто како и претходните два видео записи “Пепел” и “На врв и на дно”, а автори на песната се Магдалена и Лазар Цветкоски.
Спотот е снимен покрај кејот на реката Вардар близу до спортско игралиште во соработка со “Брејкалег” кои се познати по својата хип-хоп школа.
Подготви: Марија Поповска
