По успешниот концерт кој што Ацо Пејовиќ изминатиот викенд им го подготви на своите фанови во белградската арена, тој исто таква одлична забава подготвил и во еден од рестораните на Ада Циганлија. Овој негов настап бил проследен и од неговите колеги кои што во моментот се нашле на тоа место. Како што пишува српски “Курир”, посебно воодушевување покажал бившиот министер за инфраструктура Милутин Мркоњиќ кога пејачката Цеца и пришла на масата каде што седел во друштво на својата поубава половина пејачката Ана Бекута.
Кога се поздравила со својата колешка, Цеца му пружила рака и на бившиот министер, но Мркоњиќ толку силно ја стиснал и ја повлекол накај себе така што Цеца морала да се придржи за ѕидот за да не падне.
Подготви: Материна Митровска
