“Christmas, With Love” е насловот на албумот – компилација на светски познатата Леона Луис, кој ќе излезе на пазарот на почетокот на декември. Материјалот е комбинација на Божиќни песни, кои ги има снимено Леона во нов аранжман, како и дел од некои понови авторски теми. За албумот ќе се погрижи издавачката куќа “Motown”.
Ова е четврти по ред албум на Леона Луис. Како продуценти се јавуваат Biff Stannard и Ash Howes. Новата тема “One More Sleep” ќе излезе на 1-ви декември, додека албумот “Christmas, With Love” еден ден подоцна.
Подготви: Катерина Димиќ
