Познатиот лондончанец Џејмс Блант ја доби наградата “Меркјури” за својот албум “Оувергроун”. Тој ги победи Дејвид Боуви и Арктик Манкис. Инаку Блант е школуван како класичен пијанист, но сега се изразува најмногу преку електрониката и своето пијано. Блант, кој што има 25 години, ја доби статуетката и чек на 20.000 фунти.
Од сцената тој им заблагодари на своите родители:
“Кои ми покажаа дека е важно сам да се издржуваш”, изјави Џејмс на сцената на доделувањето на наградата. Инаку, првично пријавени беа 200 музички албуми. Во продолжение преслушајте хит песна од неговиот последен албум.
Подготви: Марија Поповска
