Како и секоја година, така и оваа, крајот на месец август е резервиран за познатиот и надалеку познат музички летен фестивал “Охрид фест”. Организаторите оваа година најавија одличен музички фестивал, а тоа го докажува на дело и одличната музичка селекција за првата фолк вечер каде на фестивалската сцена видовме голем број на познати музички имиња од фолк сцената во Македонија.
И оваа 31-во издание на фестивалот го стартуваше познатата и секогаш позитивна и насмеана водителка Ирена Спировска, која со својот глас и најави само и даде печат на вечерта.
Чест прв да настапи и да го отвори годинешното фестивалско издание имаше познатиот македонски фолк пејач, охриѓанец, Мишко Микеле Србиновски со композицијата “За љубов искрена”, а веднаш по него настапија и останатите учесници распоредени во неколку музички блока.
И годинава фолк вечерта изобилуваше со интересни и певливи рефрени кои веруваме дека ќе си го најдат својот слушател, а дел од нив и ќе бидат познати хитови кои ќе се вртат по радио и тв станиците. Одлични и впечатливи интерпретации и композиции имаа Ленче Кукиќ, Благоја Грујовски, групта “Биоритам”, Благица Павловска, Влатко Миладиновски… едноставно вечер за паметење, а секако, на крајот од вечерта беа доделени и наградите кои само беа јаготка на шлагот.
- Награда за најдобар дебитат на 31-то фестивалско издание на “Охрид фест” ја доби фолк пејачката Катерина Ристова,
- Награда за најдобар текст доби Анита Даева за композицијата “Катанче” во изведба на Драган Николовски-Даце,
- Наградата за најдобар аранжман ја доби Дејан Георгиевски-Ѕене,
- Наградата пак за најдобара интерпретација му припадна на Горан Кукиќ, додека пак,
- Наградата за најтрубадурска песна ја доби композицијата “Ќе ти дарам еден цвет” во изведба на Нино Величковски,
- Наградата “Долни сарај” ја доби композицијата “Сама во ноќите” во изведба на Катерина Танева,
- Наградата од акредитираните новинари на “Охрид фест 2024” ја доби Ленче Кукиќ за одлично отпеаната балада и одличната интерпретација на сцената за композицијата “Добри анѓели”,
- Наградата “Аце Ангелевски-Сенатор Битола” ја доби композицијата “Поздрав носам Македонијо” во изведба на Анета Арсовска,
- Третата награда од стручното жири ја доби композицијата “Химна на љубовта” во изведба на Благица Павловска,
- Втората награда пак од стручното жири ја доби групата “Биоритам” за одличната композиција “Засекогаш твој”, додека пак,
- Првата награда од стручното жири ја доби одличната балада “Добри ангели” во интерпретација на фолк пејачката Ленче Кукиќ,
Присутната публика во Долни сарај гласаше и според нивните гласови, наградите од публиката беа доделни по следниот распоред:
- Третата награда од публика ја доби композицијата “Песна за Свети Наум” во изведба на Влатко Миладиновски,
- Втората награда од публика му припадна на Драган Николовски-Даце за композицијата “Катанче” и според гласовите на публиката
- Првата наград од публика ја доби композицијата “Ноќва Охрид не спие” во изведба на секогашодличниот Благоја Грујовски.
По изведбата на победничката композиција на самиот крај и официјално заврши првата фолк вечер од овогодинешното 31-во издание на “Охрид фест 2024”. И вечерва на сцената на Долни сарај фестивалот продолжува со Интернационалната вечер каде на сцената со свои композиции ќе настапат голем број на македонски, но и познати балкански музички имиња.
Оваа година фестивалот директно е пренесуван во живо на програмата на националната Канал 5 телевизија.
Од Охрид за Музика24: Иван Јосимовски
Фото: Охрид фест
